Кари е машина: Го наполни кошот на Портланд со – 62 поени! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите кошаркари на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари имаше магична ноќ против Портланд трејл блејзерс (137-122).

Кари на теренот мина 36 минути, а импресивно е тоа што постигна дури 62 поени во противничкиот кош.

Кошаркарот на Голден Стејт сам постигна повеќе поени, отколку Демијан Лилард и Си Џеј МекКалум заедно. Тие постигнаа 32, односно 28 поени.

Голден Стејт по шест одиграни натпревари во НБА-лигата има три победи и три порази, а со ваков Кари сигурно би можеле да изборат плејоф на крајот на сезона.