Кари ги „извади од памет“ Дончиќ и Јокиќ сред разговор 🎥

Претставувањето на кошаркарите пред НБА Олстарот беше спектакуларно, а беше забележана и една необична сцена.

Стеф Кари, новиот шампион во брзо шутирање тројки, по претставувањето ги исплаши Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.

Двата кошаркари беа претставени еден по друг, па решија да поразговараат пред мечот, а кога беше претставен Стефн Кари, тие прво не го забележаа, но потоа ги изненади тој нив.

Па така беше снимена една симпатична сцена, која ги насмеа сите.