Кари го уништи Лејкерс на стартот на НБА-лигата (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата ноќ се одиграа два натпревари во НБА-лигата како почеток на новата сезона, а актуелните шампиони Голден Стејт вориорс беа подобри од Лос Анџелес лејкерс со 123-109, додека Бостон славеше против Филаделфија со 126-117.

Воините на Голден Стејт не се измачија премногу против Лејкерс, па го преземаа водството од самиот почеток, а истото беше највисока во третата четвртина (91-64), по што немаше дилеми за победникот.

Најдобар во победничкиот тим беше Стеф Кари со 33 поени, шест скокови и седум асистенции, а Вигинс додаде 20 поени. Во редовите на Лејкерс блесна Леброн Џејмс со 33 поени, 14 скокови и шест асистенции, додека Дејвис постигна 27 поени.