Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот голман Лорис Кариус (26) би можел ова лето да се врати во Ливерпул.
Овој 26-годишен чувар на мрежата ги мина изминатите две сезони во турскиот Бешикташ на позајмица, но се надева дека може да добие нова шанса на „Енфилд“.
“Факт е дека имам договор во Ливерпул до 2022. година и не ме интересираат никакви шпекулации. Во моментов размислувам да ја завршам сезоната со Бешикташ, а летото е сè уште далеку, особено кога сè уште не е познато што ќе се случи во сезоната”, рече тој Кариус и додаде:
„Честопати се слушам со тренерот на голмани, Џон Ахтерберг. Тој е мојот прв контакт таму. Слушам исто така и со Јирген Клоп и со сите други членови на тимот. Ние секогаш сме во контакт“, рече Кариус.
Кариус го имаше последниот настап на голот на Ливерпул во 2018. година кога направи две големи грешки во финалето на Лигата на шампионите во кое неговиот тим беше поразен од Реал Мадрид со 3:1.
После тоа, Алисон Бекер од Рома бил купен и Кариус бил испратен на позајмица.