Карвахал ептен се изнервира поради прашање за Мбапе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид загуби од вечниот ривал Барселона со 0-3 на пријателски натпревари, иако имаше дури 25 удари кон голот на противникот.

По натпреварот новинарите му поставија прашање на Дани Карвахал за францускиот голгетер Килијан Мбапе, а тоа го изнервира капитенот на „кралевите“.

„Нема да зборуваме за Мбапе во моментов, туку за тие што се во клубот. Ние сме Реал и зборуваме само за Реал. Ова беше напорен натпревар. Екипата полека се прилагодува, имаме позитивни работи, иако имаше и неколку грешки“, вели Карвахал.