Карвахал најави ново засилување: Секогаш доаѓаат најдобрите во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид оваа сезона е на добар пат да ја освои титулата во Ла Лига, но во летниот преоден рок ќе доживее трансформација откако беа најавени неколку трансфери.

„Кралевите“ се поврзуваат со трансфер на Килијан Мбапе, Алфонсо Дејвис, Џошуа Кимих и други фудбалери, а Дани Карвахал даде коментар за францускиот напаѓач.

„Ништо не знаеме, но очигледно има можност да дојде. Во Мадрид доаѓаат најдобрите. За Ла Лига и нашиот фудбал тоа е одличен потег, исто како што Левандовски пристигна во Барселона“, кажа Карвахал.