Касемиро ќе „избрка“ фудбалер на Јунајтед во Њукасл?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Касемиро се покажа како најдобро засилување за Манчестер јунајтед, а многумина сметаат дека тој е еден од најзаслужните за одличната игра на премиерлигашот.

Репрезентативецот на Бразил стигна од Реал Мадрид за 70 милиони фунти, но се покажа како големо засилување и поради неговите добри настапи ќе мора да си замине Скот Мектоминеј.

Интерес за Мектоминеј покажа Њукасл, но ќе мора да плати 30 милиони фунти колку што бараат „црвените ѓаволи“.

Трансферот треба да биде реализиран во следните недели, а исто така Мектоминеј е заинтересиран да потпише за екипата од „Сент Џејмс Парк“.