Катастрофа на СПА: Млад пилот од Формула 2 го загуби животот (Видео)

Францускиот пилот во Формула 2, Антоан Хуберт го загуби својот живот по катастрофалниот судир на денешната трка на легендарната патека СПА Франкошамп.

22 годишниот Французинсе заби во заштитната ограда, а потоа на него налета колумбискиот возач Хуан МАнуел Кореа со брзина од 275 км/ч.

Хуберт веднаш бил префрлен во медицинскиот центар на патеката, каде во 18:35 часот по локално време, како што потврдија од ФИА им подлегнал на повредите.

Кореа пак е во стабилна состојба, но детали за неговите повреди се уште нема. Трката по несреќата беше стопирана, а потоа и откажана, со што стана јасно дека состојбата на Хуберт е загрижувачка.