Кавани го одбра следниот клуб?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред неколку дена, Единсон Кавани пристигна во неговиот роден град Салто, кој се наоѓа на границата меѓу Аргентина и Уругвај.

Во зависност од тоа колку ќе трае пандемијата на коронавирус, многу лесно би можело да се случи Кавани веќе да не игра во ПСЖ, бидејќи неговиот договор истекува во текот на летото.

Според извештаите на уругвајските медиуми, Кавани го избрал Бока Јуниорс за следниот клуб да игра во пеколен тандем со искусниот Карлос Тевез.

Со обзир дека договор на Ел Матадор истекува наскоро, тој ги охрабри челниците на клубот во Буенос Аирес да тргнат по најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ со 200 постигнати голови.

Кавани е во Европа од 2007 година кога пристигна во Палермо. Во меѓувреме, тој беше и член на Наполи. Откако играше повеќе од една деценија на европско тло, се чини дека е решен да се врати дома.