Казорла промаши пенал, па „прсна“ од плачење! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Виљареал се наоѓа во тешка ситуација, откако на седум кола пред крајот е на 18. место на табелата, откако на два меча на трагичен начин загубија бодови.

Прво во спектакуларниот меч против Барселона (4-4), иако пред самиот крај имаа предност од 4-2, а потоа загубија во неделата од Бетис со 1-2.

Трагичар на мечот беше Санти Казорла, кој во последната минута промаши пенал за 2-2. Тој шутираше по средината на голот, но голманот на Бетис, Пол Лопез го прочита.

Казорла поради ова промашување не можеше да си прости, а тоа го покажуваат и снимките од соблекувалната по мечот, каде што може да го забележиме каде што фудбалерот неутешно плаче.