Ќе функционираат ли заедно? Рангник и Роналдо со овие зборови ќе го запалат „Олд Трафорд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ралф Рангник ќе биде нов тренер на Манчестер јунајтед и со себе носи целосно поразлична филозофија од претходниот тренер Оле Гунар Солскјер.

Творецот на модерниот германски фудбал ќе се обиде да ја имплементира својата идеја и во екипата на Јунајтед, иако тоа нема да биде лесно, а се поставува прашањето како ќе го вклопи Кристијано Роналдо во неа.

Роналдо носи голови, но постојано му замеруваат дека не се труди премногу во одбрана, а тоа е проблем за Рангник, кој кажа дека сите мора да играат во дефанзива.

На прашање дали Роналдо или Меси можат да играат во неговиот Лајпциг, Рангник во 2016 година даде јасен одговор дека тоа нема да функционира затоа што тие се стари.

„Знам кога е потребна помош во одбрана, но моја задача е да постигнувам голови. Ако луѓето можат да видат каков играч сум, искрено, не ми е гајле. Имам 36 години и ги освоив сите трофеи“, кажа Роналдо.