Ќе гледаме судир на двата најдобри голмани


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на репрезентацијата на Германија му оддаде признание на првиот голман на италијанската репрезентација Џанлуиџи Буфон.

Саботниот термин од 21:00 часот е резервина за големото дерби помеѓу Италија и Германија, а гледачите ќе имаат прилика на теренот да видат “судир” на двата најдобри голманит, Буфон и Ноер.
Андреас Копке имаше што да каже на таа тема.

“Тоа се два големи голмани, најдобри на турнирот. Командуваат со својата одбрана и се важни фигури во своите тимови, не само на теренот, туку и надвор од него. Морам да му симнам капа на Буфон за неговата смирнесот со која зрачи. Ноер на натпреварот пристапува поинаку, тешко е да се споредуваат. Генерално не сакам да рангирам играчи”– изјави Копке.