Ќе си замине ли Перез од Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Флорентино Перез е претседател на Реал Мадрид од 2009 година и досега успешно го предводи тимот, но вчера се појавија шпекулации дека постои можност да биде сменет на позицијата.

Шпанските медиуми пишуваа дека Перез ќе замине од Мадрид, по што со официјално соопштение се јавија од клубот.

„Поради шпекулациите на социјалните мрежи за можното повлекување на Перез, Реал се јавува со следниот став. Тоа се лажни шпекулации кои имаат лоши намери. На генералното собрание кое ќе се одржи во клубот, во ниту еден момент нема да се отвори дебата за менување на името на тренинг-центарот“, соопштија од клубот.