Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ред Бул ја суспендираше жената која го обвини шефот на тимот, Кристијан Хорнер за недолично однесување, а претходно се јави и таткото на Макс Ферстапен кој побара оставка од главниот човек на тимот.
Препукувањата во Ред Бул продолжуваат, но очигледно не му влијаат премногу на Ферстапен во моментов затоа што запиша две победи по ред во Формула 1.
„Ужасно влијани има ова на екипата. Тоа е од голем интерес, но време е да се стави крај на сапуницата“, кажа Хорнер.
Јапонската компанија Хонда, која го снабдува тимот со мотори, во меѓувреме побара детали за драмата во Ред Бул.
„Не може да даваме дополнителни коментари затоа што ги немаме сите детали. Очекуваме епилог во најкраток можен рок“, соопшти Хонда.