Кепа го нападна Челси: Не ми се допаѓа нивниот проект!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот голман Кепа Аризабалага се врати во Ла Лига, каде што ќе го носи дресот на Реал Мадрид по повредата на Тибо Куртоа.

Кепа требаше да биде прв голман на „сините“ во новата сезона, но и покрај тоа реши да си замине од Лондон.

Иако е на позајмица во Мадрид и не е познато дали ќе остане во Реал по крајот на сезоната, Кепа не се плашеше да го нападне Челси.

„Сметав дека е време за промена. Сакав да останам во Челси, но забележав дека нивниот проект не е вистински за мене. Мојот трансфер во Реал се случи многу брзо. Ми беше потребна промена и повик пристигна во најдобар можен момент“, кажа Кепа.