Кепа го напушта Лондон? Шпанецот доби примамлива понуда, а Челси веќе има замена за него!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанецот Кепа Аризабалага најверојатно по две сезони ќе го напушти „Стемфорд бриџ“. За трансферот на голманот Челси плати 80 милиони евра и го направи најскап голман во светот, меѓутоа тој не се прослави.

Франк Лампард поради лошите настапи едно време го испрати на клупата, а иако во продолжение од сезоната се врати меѓу стативите, сепак најверојатно ќе замине на крајот на сезоната.

Валенсија сака да го ангажира голманот на Челси, но ќе се измачат за такво нешто.

„На Месталја свесни се дека можат тешко да го откупат Кепа од Челси, па сакаат да го ангажираат на двегодишна позајмица со можност за откуп“, пишуваат Шпанците.

Челси очигледно веќе ја знае и замената за Кепа, а тоа е Андре Онана од Ајакс.