Кепа и Менди се минато: Потер си носи страшен голман за 50 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Грем Потер нема добри резултати во лондонскиот гигант, па во јануари сака да направи одредени промени во екипата, а една од нив се однесува на голманската позиција.

Потер не е среќен со Едуард Менди и Кепа Аризабалага, иако Шпанецот почна да брани одлично пред да се повреди пред неколку дена, но сепак тренерот на Челси сака нов голман.

Тод Боели нема да штеди пари на засилувања, а Потер го сака одличниот голман на Брајтон, Роберт Санчез, кој доби повик за Мундијалот во Катар.

Санчез блесна и против Челси откако одбрани неколку одлични удари и му помогна на својот тим да запише убедлива победа против „сините“.

Потр многу добро го познава Санчез затоа што го тренираше во Брајтон, па наскоро би можеле повторно да соработуваат, но овој пат во Челси.