Кепа ќе биде нов голман на Реал Мадрид

Шпанскиот голман Кепа Аризбалага ќе застана на голот на најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид, откако гигантот договори едногодишна позајмица од Челси.

Кепа веќе се збогувал со соиграчите од Челси и денеска не беше во конкуренција за мечот против Ливерпул во првото коло од Премиерлигата.

Шпанецот доаѓа во Мадрид, откако Тибо Куртоа ги скина лигаментите и ќе паузира до девет месеци, односно ќе ја пропушти цела сезона.