Керол го боцна својот поранешен тим: Кога дојдов во Ливерпул користев Google зошто не знаев речиси никој од играчите“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Њукасл, Енди Керол нема по добро да го памети неговиот престој во редовите на Ливерул.

Робусниот фудбалер премина во Ливерпул во 2011 година за тогаш огромни 35 милиони фунти. Англичанецот дојде во клубот како замена за Фернандо Торес кој се пресели во Челси, меѓутоа не успеа да се наметне во клубот, па си замина и се пресели Вест Хем, од каде оваа сезона се врати во својот Њукасл.

„Не кријам, иако не се гордеам со тоа, дека кога потпишав за Ливерпул користев Гугл за да видам кој игра во клубот. Додека бев во хеликоптерот размислував, добро ги знам Џерард, Карагер и уште кој друг? Не гледав многу фудбал во тоа време и не знаев кој игра за нив“ –истакна Керол.