Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако бројни медиуми шпекулираат за заминување, Џером Боатенг на крајот остана во Баерн.
Боатенг се смета за еден од сенаторите во соблекувалната на Баерн. Тој настапува за клубот од Минхен уште од 2011 година и во меѓувреме успеа да освои скоро сè што можеше да се освои и баш заради тоа неговата желба да си замине не е изненадувачка.
Во неколку наврати, Боатенг истакна дека е желен за нови предизвици, а неговиот брат Кевин-Принц откри на „Билд“ кој клуб ќе биде идеален за одличниот дефанзивец.
„Би било убаво да се види Џером во Италија, бидејќи не изгледа дека тој ќе игра уште долго за Баерн“, изјави Кевин-Принц за германскиот весник „Билд“, додавајќи:
“Како и да е, јас препорачав да отиде во Јувентус. Тоа е одличен клуб, а лигата како лига е многу интересна”, додаде Кевин-Принц, кој во меѓувреме се префрли во Фиорентина.
Јувентус исто така беше „загреан“ за помладиот Боатенг, во него видоа замена за Киелини, но трансферот на крајот не се случи.