Килијан Мбапе ги оттргна сите дилеми околу неговата иднина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот првак ПСЖ може да биде и тоа како мирен, бидејќи Килијан Мбапе потврди дека не си оди од клубот.

Одличниот напаѓач на Парижаните често се поврзуваше со Реал Мадрид. Сепак, иако многу сметаа дека веќе ова лето ќе ги засили Кралевите, тоа нема да се случи.

Мбапе јасно порача дека тој не оди нигде.

„Во овој проект сум четврта година, а славиме и 50. годишнина на клубот. За нас ова е важна сезона и тука ќе бидам без обзир на се. Ќе пробам да му донесам на мојот клуб трофеј и ќе давам се од себе“, изјави Мбапе за БеИн Спортс.

Мбапе минатата сезона одигра фантастично. Настапи на 33 натпревари и оствари учиноок од 30 голови и 17 асистенции.