Кин побара два билети за финалето на „Вембли“ од Тен Хаг (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот Рој Кин му направи интервју на тренерот Ерик Тен Хаг по победата на Манчестер јунајтед над Нотингем Форест со 2-0.

Тен Хаг во разговор со Кин му кажа дека не е задоволен од првото полувреме, меѓутоа бил воодушевен од вторите 45 минути.

Кин на крајот на интервјуто си побара два билети за финалето на „Вембли“, кое ќе се игра против Њукасл, по што веднаш доби одговор од Тен Хаг.

„Нема да има проблем Рој“, кажа Тен Хаг.