Кин удри по Бразилците, па доби експресен одговор (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилската репрезентација по секој гол против Јужна Кореја се забавуваше на теренот, а тоа го налути поранешниот фудбалер Рој Кин.

Кин ги критикуваше Бразилците поради нивниот танц за време на дуелот со Ј. Кореја.

„Мислам дека тоа е непочит. Не ми пречеше прославата при првиот гол, ама тие секогаш го прават тоа кога ќе постигнат погодок“, вели Кин.

Бразилците не чекаа долго пред да му одговорат.

„Мора да ги критикува Бразилците за тоа што им го направија Ромарио и Едмундо на Јунајтед во 2000 година“, велат Бразилците.