Кинеска тенисерка исчезна, Осака и Ѓоковиќ во шок, ВТА не им верува на Кинезите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Четирикратната гренслем-освојувачка Наоми Осака кажа дека е загрижена за Шуаи Пенг со која никој не успеа да стапи во контакт од денот кога објави дека била си*увана од страна на поранешниот заменик премиер на Кина.

Пенг на социјалните мрежи објави порака неодамна дека неа ја нападнал Жанг Гаоли, а од тогаш ВТА и останатите тенисери и тенисерки не можеле да ја исконтактираат кинеската тенисерка.

„Неодамна сум известена дека тенисерката исчезнала откако објави дека била нападната. Цензурата никогаш не е добра, се надевам дека Пенг, но и нејзиното семејство се на безбедно место. Изненадена сум од ситуацијата“, порача Осака, а ниту Новак Ѓоковиќ не остана мирен по оваа вест.

Првиот човек на ВТА, Стив Симон кажа дека не биле во контакт со Пенг, но од тениската федерација на Кина ги увериле дека била на безбедно место.