Кинезите немилосрдни, од Милан заминуваат сите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова е лебедова песна за двоецот на чело на клубот, јасно е, од септември, ќе видиме нов Милан!

Работите се одвиваат според планот, превземањето на клубот во целост ќе биде објавено до крајот на годината, наредната недела Кинезите ќе ја уплатат другата рата од капарот, од 85 милиони евра, па договорот ќе стане и официјален.

Се најавуваат големи промени, и покрај обидите на раководните луѓе да ги задржат своите функции.

Адријано Галијани е прв на удар, новите сопственици не го сакаат во клубот, а бараат да замине без оштета. Дури се зборува дека на некој начин добиле такво ветување од Берлускони, но се прашува Галијани, кој сигурно нема лесно да го напушти клубот.

Барбара Берлускони истотака заминува, но нејзината позиција е подобра, може во иднина да помогне на ширење на Милан, односно на брендот на азискиот пазар. Но, дури и ако го преживее превземањето на Росонерите, нејзиното влијание во донесувањето на одлуките нема да биде никакво.

Кинезите планираат да доведат свои луѓе, но и да вратат некои легенди во клубот, што ќе биде мост кон навивачите.

Еден од тие кои неизбежно се споменува е Паоло Малдини кој е синоним за Милан и кој не е меѓу Росонерите поради Галијани со кого не е во добри односи.

Што се однесува до Галијани тој ќе го заврши овој преоден рок, но повторно, за секој трансфер досега мораше да добие одобрение од Азија. Работеше без некои трансфер средства, па јасно е  поради што Милан беше пасивен во преодниот рок, односно не успеа да доведе никого од вистинските мети.

И понатака се споменува Мусачио од Виљареал, но мали се шансите за овој преоден рок да стигне во Ломбардија.