Кинезите порачаа: Навивачи бидете мирни, го враќаме Милан каде што и припаѓа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новите сопственици на Милан соопштија дека го купија тој италијански клуб со цел да го вратат на врвот на италијанскиот фудбал.

„Инвестиравме бидејќи сакаме да го вратиме клубот во светскиот врв. Тоа е една од нашите цели. Се надеваме дека навивачите ќе бидат стрпливо“, соопшти кинескиот конзорциум.

Групата предводена од Ли Јонгхонг го потпиша прелиминарниот документ со што се започна постапка за превземање на Милан од Силвио Белускони.

Ќе бидат потребни неколку месеци пред што формалносите да бидат завршени, а конзорциумот ги повика навивачите да бидат мирни.

Милан одма доби поттик од 15 милиони за трансфери, а се очекува наскоро да стигне прилив од 85 милиони евра.

Конзорциумот се обврза дека во наредните три години ќе вложи 350 милиони во тимот.