Кире Лазаров ќе игра уште една сезона, па оди во – пензија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот селектор Кире Лазаров кажа дека е задоволен со победата против Швајцарија и остварениот пласман на Европското првенство (ЕП), а притоа откри дека планира да се пензионира на крајот на следната сезона.

Лазаров кажа дека и сезонава требало да има помала минута и да се збогува на крајот на сезоната, но ситуацијата со ковид-19 ги промени планови.

„Клубот неме официјална потврда за тоа. Ќе играм уште една сезона со Нант, но најверојатно со помала минутажа. Така се договоривме и за годинава, но не можеме да ги оствариме сите планови. Се променија работите. На една ваква кариера да се збогуваш пред празни трибини – не оди, а инсистираше и мојот клуб да почекам“, кажа селекторот.