Кирјос: Јас и Надал ќе го одиграме најгледаниот меч во историјата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Австралискиот тенисер Ник Кирјос кажа дека утрешниот дуел против Шпанецот Рафаел Надал во полуфиналето на Вимблдон ќе биде најгледан во историјата на спортот.

Кирјос во четвртфиналето го надигра Кристијан Гарин со 3-0 во сетови, односно 6-4, 6-3 и 7-6, додека Надал по голема битка во пет сетови го елиминираше Тејлор Фриц со 3-6, 7-5, 3-6, 7-5 и 7-6.

„Ќе биде нешто посебно да се игра против Надал на Вимблдон. Ме победиш еднаш, но му се реванширав. Нека се подготват сите, ова ќе биде најгледан меч во историјата на тенисот. Во последните две години не мислев дека можам да го направам ова, но сепак се променија многу работи во мојот живот“, вели Кирјос.