Кирјос кршеше рекети од нервоза, Хачанов избори полуфинале (Видео)


Роналдо нека се пази, Мароко гази - 19 ден ↓↓↓



Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос ги загуби нервите во мечот против Карен Хачанов и искрши неколку рекети, но го загуби и натпреварот со 5-7, 6-4, 5-7, 7-6 и 4-6.

Кирјос не можеше да го прифати поразот од Хачанов, па гневот го истури врз неговите рекети, кои буквално ги распарчи.

Хачанов одигра одличен меч и избори полуфинале во Њујорк, каде што ќе се соочи против Каспер Руд, кој беше подобар од Матео Беретини со 6-1, 6-4 и 7-6.