Кирјос за сите знае, само за себе – не: Го критикуваше Ноле, а сега ја направи истата грешка! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Кирјос ги критикуваше минатиот месец Александер Зверев и Новак Ѓоковиќ поради нивната забава во Белград за време на пандемијата на коронавирусот.

Сепак, Австралиецот очигледно е научен само да критикува и да не ги гледа своите постапки, а сега реши да замине во ноќен клуб каде што се забавуваше без маска.

Да потсетиме, Ѓоковиќ и Зверев беа на забава организирана во рамки на активностите на „Адрија Тур“ во Белград и Задар, а на крајот се покажа дека бугарскиот тенисер Григор Димитров им го донесе Ковид-19.