Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Кристијан Киву пред неколку дена беше официјално претставен како нов тренер на Интер, а романскиот стручњак веќе предизвика “земјотрес” во Милано кога истакна дека дури осум играчи од овој клуб можат да го напуштат Џузепе Меаца во лето.
После тешкиот пораз во финалето на Лигата на шампионите од ПСВ со 6:0, италијанскиот стручњак Симоне Инзаги одлучи дека е време да го напушти Интер и само неколку дена подоцна потпиша за Ал Хилал.
Иако Интер сакаше за нов тренер да го доведе Цеск Фабрегас, на крајот се решија за човек кој како играч настапуваше за овој клуб, а тоа е Кристијан Киву.
Киву својата тренерска кариера ја започна токму во Интер каде што работеше во скоро сите младински категории, а во сениорскиот фудбал дебитираше само оваа година кога ја презеде екипата на Парма.
Во Парма пристигна во февруари и очевидно беше потребно само неколку месеци за челниците на Интер да видат што им треба и да сфатат дека Киву заслужува шанса на клупата на првиот тим на овој клуб.
Романецот потпиша договор со Интер на две години, но само неколку дена подоцна предизвика “земјотрес” на Меаца кога посочи кои играчи можат летово да го напуштат клубот.
Пред да замине на Светското клупско првенство, Киву разговараше со челниците на клубот околу засилувањата, но и околу кои играчи можат да одат на трансфер листа и дури осум од нив одлучи да ги исклучи.
На листата играчи за кои Киву рече дека можат летово да го напуштат Интер се Јан Бисек, Франческо Ачерби, Кристијан Аслани, Хакан Чалханоглу, Давиде Фратези, Валентин Карбони, Мехди Тареми и Пио Еспозито.
Фото: Принтскрин