Кјелини: Чувствувавме некоја магија во воздухот уште на стартот на ЕП


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џорџо Кјелини беше еден од најдобрите фудбалери на Италија на Европското првенство (ЕП), а по освојување на титулата беше пресреќен и кажа дека уште на почетокот чувствувале нешто чудно во воздухот.

Џанлуиџи Донарума беше херој на Италија на пенали откако им одбрани два удари на ривалите од Англија и така ги израдува своите сонародници.

„Заслуживме да победиме. Чувствувавме нешто магично во воздухот уште на почетокот на првенството. Цела Италија ја заслужи оваа титула. Ова е вистинска сензација. Иако примивме гол на стартот на мечот, сепак доминиравме до крајот и успеавме да победиме“, вели Кјелини.