Кјеза заработи тешка повреда, па испрати порака до цела Италија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Талентираниот италијански фудбалер Федерико Кјеза се повреди и тоа му создаде проблеми на тренерот Масимилијано Алегри, но и на селекторот Роберто Манчини, кој нема да може да смета на него во мечот против Македонија.

Деталните медицински прегледи покажаа дека повредата на коленото е сериозна затоа што ги оштетил лигаментите и сега го чека долга пауза.

Кјеза во следниот период треба да оди на операција, по која го чека пауза до крајот на сезоната, а во меѓувреме доби голема поддршка од останатите колеги.

„Ви благодарам за пораките со поддршка. Се гледаме наскоро на теренот“, напиша Кјеза преку Инстаграм.

Италија ја очекува пресметка против Македонија во полуфиналето на баражот во март.