Клиперс е главен во Лос Анџелес: Ленард се врати по 16 месеци за да го победи Леброн (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата ноќ беа одиграни неколку натпревари, а главно дерби беше тоа во Лос Анџелес кое му припадна на Клиперс против Лејкерс со 103-97.

Во победата на Клиперс се врати Каваи Ленард, кој не играше поради повреда од јуни 2021 година, а во игра влезе од клупа.

Тоа беше прво влегување на Ленард од клупата уште од 2013 година кога го носеше дресот на Сан Антонио спарс, а мечот го заврши со 14 поени.

Лејкерс го запиша вториот пораз по ред на стартот на сезоната и на своите навивачи им најавија уште една лоша сезона, освен ако не се промени нешто драстично во следниот период.

Најдобар кај Лејкерс беше Лони Вокер со 26 поени, Ентони Дејвис постигна 26, а Леброн Џејмс стигна со 20 поени, 10 скокови и шест асистенции.