Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Кошаркарите на Кливленд успеаа да слават во шестиот натпревар од големото финалето во НБА лигата и да се изборат за мајсторка.
Кавалирс предводени од Леброн Џејмс победија на домашен терен против Голден Стејт со 115:101.
Домаќинот го посрамоти ривалот во првите 12 минути и имаа предност од 20 поени. Гостите со подобра игра во следните две четвртини намалија на 9 поени разлика (80:71), но Кливленд одговори во одлучувачката четвртина каде славеше со 35:30. Најдобар кошаркар кај домашните беше Леброн Џејмс со 41 поен, 11 асистенции и 8 скока. Кајри Ирвинг додаде 23 поени, а одличен натпревар одигра Тристан Томпсон кој постигна 15 поени и имаше 16 скока. Кај гостите Кари беше најефикасен со 30 поени, а Клеј Томпсон натпреварот го заврши со 25 поени.