Клоп: Алисон направи две грешки, но нѐ спаси многупати досега!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп кажа дека Алисон Бекер направил две грешки против Манчестер сити (1-4).

Ливерпул беше декласиран на домашен терен, па испадна од трката за титулата во Премиерлигата.

„Тој нѐ спаси многу пати досега, но на овој натпревар направи две грешки и тоа е тоа. Можеби немаше самодоверба“, вели Клоп.

Борбата за титула е готова, а Клоп вели дека до крајот на сезоната ќе се борат за пласман во Лигата на шампиони.

„Тоа е наша главна цел. Имаме уште натпревари да играме за да обезбедиме пласман, но мора да почнеме да победуваме“, кажа Германецот.