Клоп даваше изјава и потоа го виде Гвардиола: Морам да одам, доаѓа Пеп! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул претходниот викенд во големото дерби во Премиерлигата го совлада Манчестер сити со 3-1 и сега има осум бодови повеќе од второпласираниот тим Лестер сити.

„Црвените“ сакаат да ја освојат титулата, која ја чекаат веќе 30 години, а Ливерпул против Сити направи исчекор кон таа намера.

Интересно е тоа што тренерите Јирген Клоп и Пеп Гвардиола се сретнаа и еден ден подоцна на семинарот на УЕФА во Швајцарија за тренери на елитните клубови.

Додека Клоп даваше изјава, еден од новинарите го спомена Гвардиола, кој се појави зад него, а Германецот го забележа и во шега кажа „Морам да одам, доаѓа Пеп Гвардиола“.