Клоп доживеа историски дебакл, а вели – има една добра работа!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул го доживеа најтешкиот пораз во Премиерлигата. Тие на гостувањето кај Астон вила примија дури седум голови.

Астон вила целосно го демолираше актуелниот шампион, па можеа да постигнат уште некој гол, но на крајот беше 7-2.

Тренерот Јирген Клоп по историскиот дебакл успеа да издвои и една позитивна работа од натпреварот.

„Единствена добра работа е тоа што никој не се повреди. Без разлика со кој тим да играв, не очекував да загубам со 2-7. Овој меч имаше своја динамика, еден тим леташе, а другиот – не. Ова не е поврзано со фудбалерите кои ни недостигаат“, кажа Клоп.

Откако ќе заврши репрезентативната пауза Ливерпул ќе игра градско дерби против Евертон, кој има четири победи по четири одиграни меча.