Клоп ги загуби нервите пред камерите, Англичаните му го скратија интервјуто! ?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е познат како некој кој нема многу „влакна на јазикот“, па често го кажува тоа што го мисли и затоа многумина го почитуваат.

Клоп имаше што да каже и по натпреварот против Лестер (3-0), а Германецот беше ептен нервозен затоа што го критикуваше пеколниот распоред на натпревари, поради кој многу фудбалери му се повредија.

Поради неговите коментари на оваа тема, Англичаните решија да му го скратат интервјуто и да не го прикажат целосно во јавност.

„Ако вие и БТ Спорт не се договорите, ние сме готови. Доколку продолжиме да играме среда и четврток навечер во европските купови и за репрезентациите, а потоа повторно сабота и недела попладне во Премиер лигата не сум сигурен дека ќе ја завршиме сезоната со 11 здрави играчи. Тоа не е само проблем на Ливерпул, ова треба и тоа како да ја засега англиската репрезентација. Сите играчи зборуваат дека ова е навистина тешко и навистина е така, но ништо не се менува. Оваа недела играме во среда вечерта против Аталанта и повторно во сабота на гости со Брајтон. Размислувам за тоа однапред да ги испратам бодовите во Брајтон“, збесна Клоп.