Клоп го доведе третото најскапо засилување во историјата, сега на ред е одличниот Хрват!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После поразот во финалето од Лигата на Европа, Ливерпул на големо се спрема за новата сезона.
Јирген Клоп сака да создаде силен тим и веќе ги доведоа Жоел Матип, Марко Грујиќ и голманот на Мајнц Лорис Кариус.

“Црвените” денес и дефинтивно го договорија трансферот на офанзивецот на Саутемптон Саиду Мане, кој пристигна на лекарски прегледи.

Се проценува дека трансферот изнесува 36 милиони евра и дека Сенегалецот после Енди Керол и Кристијан Бентеке ќе стане третото најскапо засилување во историјата на “Црвените”.

Освен овој трансфер, Клоп и тоа како е заинтересиран за доведување на хрватскиот репрезентативец Марко Пјаца, кој силно го посакуваат уште, Рома Јувентус, Милан, Интер, Борусија Дортмунд и Манчестер Сити.