Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓
Ни Салах, ни Мане.
Навивачите на Ливерпул, седум години беа во исчекување на лигашкиот триумф над Челси на Анфилд Роуд. Редсите со сигурна игра и погодоците на Мане и Салах славеа со резултат од 2:0.
Во една од своите изјави после натпреварот, Клоп како јунак заради кој е постигната победата не ги означи африканските фудбалери, туку оној од Јужна Америка. Германецот смета дека на Редсите „животот им го спасил“ Алисон Бекер.
„Во тие 10 минути кога Челзи ја промени формацијата и ја имаше својата шанса, нас ни ги спаси животите Али“, рече Клоп.
„Тогаш со сигурност можеа да го променат текот на натпреварот, статива и две одбрани на Али, зарем не? Подоцна ние успеавме да ја задржиме контролата над натпреварот. Тоа беше еден од фантастичните натпревари со многу добра атмосфера и многу важен резултат“.
Алисон оваа сезона имаше неколку киксови, но изгледа дека вложените 60 милиони евра во него не се за џабе. Тој почна да ги оправдува тогаш кога е најпотребно.