Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јирген Клоп од пристигнувањето во Ливерпул постигна големи успеси со екипата, а конечно на „Енфилд“ ја донесе и титулата од англискиот шампионат.
Неговиот договор со шампионот на Англија трае уште четири години, односно до 2024 година, по што Германецот најверојатно ќе прави пауза.
Клоп во последната изјава за медиумите кажа нешто што би можело да ги загрижи сите навивачи на Ливерпул, кои уживаат во сегашниот фудбал на тимот.
„Откако ќе ми заврши договорот со Ливерпул, ќе земам една година слободна и ќе се запрашам дали ми недостига фудбал. Ако мојот одговор биде – не, тогаш тоа ќе биде крај на мојата тренерска кариера“, вели Клоп.