Клоп испиша историја – стана прв тренер на Ливерпул со 50 европски победи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Ливерпул славеше со 3-1 со пресврт на гостувањето кај ЛАСК вчера во првото коло од групната фаза во Лига Европа, а тоа му помогна на тренерот Јирген Клоп да испише историја.

Клоп ја прослави 50. европска победа во кариерата како тренер на Ливерпул, па даде коментар по мечот.

„Ако сè уште сум со 50 победи, кога ќе ја завршиме групната фаза, тогаш сите ќе ме мразат, без разлика што сум тренер со најмногу европски победи со Ливерпул“, се пошегува Клоп.