Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германскиот тренер Јирген Клоп се налути кога слушна за правилата на Премиерлигата при доделување на медалите за освоениот трофеј. Ливерпул ја врати титулата по 30 години, а Германецот се налути кога дозна дека медал ќе добијат самоиграчите кои одиграле пет натпревари во шампионатот.
Клоп смета дека тоа е глупост и застана во одбрана на своите фудбалери.
„Каква глупост, не знам на кој му падна тоа на памет. Ако сте одиграле и минута треба да добиете медал, едноставно ако луѓето не разберат дека ова е тимска игра и дека екипата го освојува првенството, јас не можам да помогнам. Моите момци се одлични, имаат иднина тука. Тие заслужуваат медал и ќе го добијат, ако не од Премиерлигата, тогаш од мене!“, порача Клоп.