Клоп: Како да ја опишам годинава? Доволен ми е само еден збор


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Германецот зборуваше за изминатата година која донесе многу среќа за фановите на Ливерпул.

Редси ја освоија титулата во Лига на шампионите, а малку недостасуваше да стигнат и до трофејот во Премиер лигата, но Манчестер Сити во финишот не направи кикс и на крај стигна до титулата.

Крајот на годината е време кога се сумираат впечатоците, а тоа го направи тренерот на Ливерпул кој за официјалната страна на клубот зборуваше за успесите на својот тим.

“Време е да направиме резиме за неверојатната година на овие дечки, овој клуб и секако, нашите навивачи”, напиша Клоп во порака за навивачите за официјалната страна.

“Мислам дека сега доволно ме познавате. Не сум тип кој гледа назад, не кога имаме уште многу работа за завршување. Но, како да го игнорираме она што го преживеавме оваа година? Имам само еден збор: ‘фантастично!'”

“Многу сум горд на успесите. Секако, прво што сите имавме прилика да славиме што Ливерпул освои трофеј повторно.”

“Додека сум жив, никогаш нема да ја заборавам ноќта во Мадрид и следниот ден во Ливерпул кога го донесовме трофејот од Лига на шампионите. Памтам дека еднаш реков дека градот ќе ‘експлодира’ кога ќе освоиме трофеј, но мислам дека малку го потценив.”

“Тој ден нас не натера да поминеме со многу емоции и кога гледав во луѓето во публиката од автобусот, тоа го засили од она што го знам од 8. октомври 2015. – сум најсреќен човек кој може да биде дел од овој фудбалски клуб, дел од ова семејство.”, напишал Клоп.