Клоп ќе остане без пари и без фудбалер!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ливерпул во следниот период мора да го менува составот, а некои од играчите ќе бидат продадени, додека некои ќе заминат, иако Јирген Клоп ги сака во екипата.

Еден од тие фудбалери е Наби Кеита, кој е голема желба на Борусија Дортмунд, која будно ја следи ситуацијата.

Кеита следното лето останува без договор со Ливерпул, а засега не се водат нови преговори меѓу двете страни за продолжување на соработката.

Клоп го сака стилот на овој фудбалер, но тој има проблеми со повреди и не може да го покаже својот потенцијал на теренот.

Со оглед на тоа дека Кеита наскоро ќе влезе во последните шест месеци од договорот, тој има право да преговара со нови клубови, а Клоп така ќе остане со празни раце.