Клоп: Кутињо е како Дел Пјеро


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Менаџерот на Ливерпул, Јурген Клоп изјави дека Филипе Кутињо го потсетува на легендарниот Алесандро Дел Пјеро.

Кутињо ја започна својата европска кариера во Интер, но тој го изгради своето име токму во Ливерпул во екипата на Клоп, од каде подоцна замина во Барселона со трансфер вреден повеќе од 100 милиони евра.

Бидејќи не се пронајде себе на „Камп Ноу“, во меѓувреме, Кутињо реши да ја промени средината и да се пресели во Баерн, кој ќе има опција да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.

“Кутињо е многу доминантен играч кој може да му помогне на тимот. Секако, ќе треба време да се прилагоди, но за него како играч нема потреба да се трошат зборови”, изјави Клоп во интервјуто за Кикер, па продолжи.

„Во претходниот клуб не го носеше бројот десет, не играше на својата омилена позиција, но сепак може да се најде на повеќе позиции во тимот. Како на пример играчот на левото крило е силен во тесен простор и исто така е доволно брз кога ќе му се отвори простор. Има страшно чувство за сето тоа. Ме потсетува на Дел Пјеро “.
Тој верува дека Баерн го доби вистинскиот играч.

„Нему му требаше клуб како Баерн. Сега тие треба да бидат трпеливи со него, да му помогнат да се прилагоди, бидејќи тоа е единствениот начин за да се добие целиот пакет. Тогаш Бундеслигата ќе има одличен играч”, изјави Клоп.