Клоп: Минуваме низ тежок период, но ние сме семејство и ќе се избориме!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги демантираше шпекулациите дека ќе замине од актуелниот англиски првак по серијата лоши резултати во Премиерлигата.

Клоп кажа дека е полн со енергија и нема намера да го напушти тимот, иако се наоѓа во криза, туку во тоа пронаоѓа нов предизвик.

„Сите знаат дека поминавме низ тежок период. Секогаш го средуваме тоа како семејство. Работам како тренер 20 години и можам да ги разделам работите. Кога работам, навистина работам. Не треба да се грижите за мене. Можеби не изгледам најдобро, бидејќи времето е студено и брадата ми обеле и не спијам многу, но имам енергија колку што сакате“, изјави Клоп.

Навивачите преку банер изразија поддршка до Клоп пред дуелот со Лајпциг во Лигата на шампиони.

„Банерот е убаво да го видиш, но не е потребен. Не чувствувам дека е потребна дополнителна поддршка во моментов, но убаво е да се види“, истакна Клоп.