Клоп му одговори на Гвардиола на коментарот во врска со Мане


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не требаше долго да ја чекаме реакцијата на Јурген Клоп за коментарот на Пеп Гвардиола во врска со Садио Мане за кој изјави дека има навика да симулира.

Мане во 37. минута на натпреварот со Астон Вила доби жолт картон поради глума, за во продолжението да може да постигне погодок за победа од 1:2 на Редсите.

„Понекогаш Мане симулира, а некогаш има неверојатна способност да постигне погодок во последните минути од натпреварот. Тој е талентиран фудбалер“, рече Гвардиола.

Клоп на прес-конференцијата пред натпреварот во Лигата на Шампионие и дуелот со Генк го негираше тоа и изјави дека Мане не е симулатор.

„Можам да кажам дека Садио не симулира. Тоа беше момент со Астон Вила кога дојде до контакт и падна. Можеби не беше пенал, но имаше контакт. Не изгледаше дека ја прескокнал противничката нога и дека паднал.“

Инаку, Ливерпул и Манчестер Сити овој викенд ќе си ги измерат силите што ќе биде спектакуларно дерби од досегашниот дел од Премиер Лигата.

„Не сум расположен да зборувам за Сити. Можеме да зборуваме за Генк, за нас, за било што, но не и за натпреварот кој се игра дури во недела“, рече Клоп.

Редсите моментално се првопласирана екипа во лигата и тие се во предност од шест бодови пред Граѓаните. Неделниот натпревар се игра на Енфилд Роуд со почеток од 17:30 часот.