Клоп не се грижи за рекордот, туку освоената титула: Имавме фантастична сезона!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп кажа дека премногу не жали затоа што тие не успеале да урнат рекорд, односно задоволен е поради освоената титула.

Ливерпул беше поразен од Арсенал со 1-2 и остана на 93 бодови, со тоа ја изгуби шансата да го стигне рекордот на Манчестер сити.

Клоп по мечот кажа дека е најважно тоа што екипата ја освоила титулата.

„Имаме 93 бода и многу рано го освоивме првенството. Нема да носам негативен заклучок само поради тоа што не може да стигнеме до 100 или повеќе бодови. Моите фудбалери имаат фантастична сезона“, кажа Германецот.